Фудбал

(ВИДЕО) МНОГУ ПУБЛИКА – ПРЕМАЛКУ ШАНСИ И САМО ЕДЕН ГОЛ ВО ПРИЛЕП

Иако прилепска Победа доживеа висок пораз во Струга на стартот од новото првенство од Првата фудбалска лига на Македонија, публиката дојде во голем број (близу 4000) денеска на мечот дома со Тиквеш. Убав амбиент, многу публика, но премалку шанси од кои се изроди еден гол. Одлучувачкиот момент е во 45. минута кога Даниел Карчески од корнер нафрли на првата статива, таму со глава биеше Александар Мишов, ја затресе домашната мрежа, му овозможи три бода на Тиквеш. Тимот на Победа, во чии редови има деветмина прилепчани од 14 кои настапија денеска, настојуваше да возврати, но без успех. Гостите ги затворија сите приоди кон голманот Мартин Давков.

ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1 Стрелец Мишов 45.

ПОБЕДА: Тофилоски – Бошески (73. Коцев), Делов, Стомнароски (46. Паноски), Симуновиќ – Рамани, М. Наумоски (64. Кисески-Илијоски), Тодороски – Петејчук, Мазари, Б. Спиркоски. Тренер: Бобан Бабунски.

ТИКВЕШ: Давков – Вареловски, Наумчески, Лазаров (58. Темелков), Карчески – Стојков (90. Петковски), Христов, Ѓурковски – Спахиу (90. Тасев), Ивановски (66. Мирковиќ), Мишов (66. Барга). Тренер: Влатко Костов.

Во следното 3. коло во Скопје: Македонија ЃП – Победа.

СТАТИСТИКА: ПОБЕДА – ТИКВЕШ

Корнери 2:6, удари вкупно 2:4, удари в гол 2:3, офсајди 1:2, прекршоци 11:12, жолти картони 1:1.

ВИДЕО ЛИНК:

Од категоријата

НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП УТРЕ ЕДЕН ЧАС ПОРАНО!

Зоран Иге

(состави, стрелци) ПОБЕДА СЛАВИ: ДЕТЕ ДАДЕ ГОЛ СО НОЖИЧКИ!

Зоран Иге

РАЗНОГЛАСИЕ ДАЛЕКУ ОД УПРАВНАТА ЗГРАДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе