Желба на Прилеп и оваа година е плејофот, пласманот меѓу шест тима во горниот ред од табелата на Супер лигата, а токму кон таа цел е доближувањето сега, по вредниот триумф во Скопје со Пролет од 30:27 (16:14). По нерешениот резултат 27:27, во финишот три гола во серија постигнаа гостите од Прилеп. Најистакнати стрелци: Давор Палевски со 9, Ласко Андоновски со 7 гола (Пролет) – Димитар Димитриоски 7, Томислав Квастек 6, Никола Цветаноски 5, Денис Шабановиќ 4 (Прилеп). Ова е трета победа во серија на екипата што ја води стружанецот Наум Танески.
РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО
ТАБЕЛА
ИДНО КОЛО
