Екипата Мега баскет продолжува со победи во Првата лига на Македонија А-група, и тоа на гости. По победата над Младинец во Скопје со 88:57, вечерва совладан е Црн Дрим во Струга со 101:94, во рамките на 8.коло. Од лигата почна вториот круг, бидејќи истиот денешен струшки противник беше и во 1. коло. Тогаш Мега баскет дома победи со 86:80.
На табелата Мега баскет со 13 бода се бори за врвот, каде најблиску е скопски Вардар со 12 бода и одигран меч меч помалку. Во следното коло прилепскиот тим пред својата публика во салата од ОУ „Добре Јованоски“ го чека тетовски Тетекс.