Денеска се одиграа два меча од 15 -тото коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Двата беа реми, Кожуф со Вардар Н. 2:2, и Осогово со Новаци 0:0.

На табелата сите ги задржаа истите позиции.

Од есенскиот дел преостануваат да се одиграат уште три натправари. Утре во 13 ч. Големо Коњари – Тетекс (Тетово) и во Виница Слога – Охрид. За 12 декември, петок, од 13 часот, останува да се одигра последниот меч од 15. коло, во Радовиш Детонит – Скопје.