Дојде и денот за одлука, среда, 13 мај, денот што ќе го даде првакот на ОФС Прилеп. Утре од 17 часот, на теренот со вештачка трева (кај некогашната Зоолошка градина, кај населбата „Типски куќи“) е дуелот Стрела (Ерековци) – Кадица (Забрчани), победниците од полуфиналињата за Плејофот. Подолу се изјавите на претставниците од двата табора,
– Очекуваме наша победа, но знаеме кој е противникот, противник за респект. Досега со него се сретнавме двапати на Градскиот стадион и двапати загубивме, па се надеваме на трета-среќа. Имаме надеж, бидејќи првиот пораз му го нанесовме баш ние, 1:2 на негов терен, во оваа сезона. Значи, знаеме како се победува и силната Кадица. Што се однесува до составот, ќе бидеме комплетни – рече Влатко Петрески, претседателот и капитенот на Стрела.
– Очекуваме наша победа. Никој не размислува за пораз иако во врска со составот двајца нема да бидат на располагање, Денис Димитриоски – поради повреда и Христијан Митрески – поради учество како помошник-тренер на Европското првенство во футсал за ученици до 18 години во Бања Лука. Сепак, имаме и други добри играчи, па сметаме дека можеме да победиме – вели Томе Белокоски, генерален секретар на Кадица, екипа финалист четврти пат во серија.
Претстои интересен меч, кулминација на сезоната, финале. Затоа се очекува многу публика кај теренот со вештачка трева, на трибината и околу игралиштето. Навистина најдобрите екипи заслужено се во финалето и нивниот дуел заслужува многу публика утре, среда, од 17 часот.
Подолу се составите на двете екипи од последните нивни натпревари,
СТРЕЛА (ЕРЕКОВЦИ)
Андреј Чапкуноски
Зоран Тасески
Дарко Ристески
Зоран Секирски
Горан Бозајковски
Филип Костоски
Бобан Марковски
Марјан Коштревски
Валентин Дебрешлиоски
Николче Марковски (28. Влатко Петрески)
Менде Стојаноски.
Тренер: Војо Петрески.
КАДИЦА (ЗАБРЧАНИ)
Василе Јанкоски
Зоран Јорданоски (55. Дејан Танески)
Горан Базеркоски (80. Валентин Трајкоски)
Михаил Ѓорѓиоски (80. Рубинчо Велески)
Михаил Карески (55. Александар Димески)
Бобан Крстески
Благојче Митрески
Амел Фетаховиќ
Денис Димитриоски (25. Александар Столески)
Христијан Петрески
Хриистијан Митрески..
Тренер: Панче Здравески.
Гаранција за фудбалската правда се судиите Кирил Смоквоски, Борис Трајков и Дино Конески, како и контролорот Горан Спиркоски.
АКЦИЈАТА ЗА ХУМАНОСТ Е ДЕНЕСКА – 12 МАЈ (ВТОРНИК) ОД 20 ЧАСОТ!
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков.
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. Денеска, 12.05.2026 во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!