На првиот меч на Европското првенство во футсал за ученици до 18 години, во Бања Лука, Република Српска, македонскиот шампион, екипата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, освои бод, по ремито 4:4 против ривалот од Словачка. За екипата на професорите Илија Ангелески и Христијан Митрески настапија Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Ѓероски, Ведран Мегленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоск и Бруно Стефаноски. Стрелци на головите се Димитар Оклески, Теодор Ѓероски, Мартин Деркоски и Давид Паскоски. Следни ривали се претставниците од Унгарија и од Белгија. Дуелите со нив се утре. Од групата само првите две екипи одат во четвртфиналето.
На Европското првенство наш претставник има и меѓу судиите. Тој е Димитар Здравески од Прилеп. Заедно е со двајца судии од Бања Лука – Република Српска и со еден од Словачка. Прилепчанецот е единствениот Македонец меѓу судиите. Досега на два меча ја делеше правдата (Унгарија – Белгија 2:3 и Бугарија – Унгарија 0:5), Следниот меч за судење е утре.
Учествуваат 15 екипи од 11 држави.