Фудбал

(фото) МНОГУ ГЛЕДАЧИ И ЗА ОПШТИНСКА ЛИГА ВО ПРИЛЕП!

Во финалето од плеј-офот на А-лигата на ОФС Прилеп ќе се сретнат Стрела (Ерековци) и Кадица (Забрчани). И двата тима во полуфиналињата победија идентично, со по 2:0. Вчера Стрела го совлада Мукос (Дреновци), а денеска Кадица беше подобра од Влазними (Пресил).

На денешниот меч имаше убав амбиент, со навивање од двете страни. Имаше група за Кадица и група за Влазними. Од Пресил имаше масовно доаѓање, така што сите што го сакаат фудбалот од тоа место беа на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Првото полувреме беше прилично рамноправно. Прво офанзивно почна Влазними, потоа возврати Кадица. Сепак, на одмор се појде со 0:0. Во второто полувреме многу подобра игра на Кадица, а резултат од неа се двата гола. Прво гол постигна Рубинчо Велески, потоа евро-гол од далечина даде Михаил Карески.

Финалето, од кое победникот станува третолигаш, се игра на истиот терен, в среда во 16 часот.

Од категоријата

ЦРВЕН КАРТОН МУ ЈА ОЛЕСНИ ЗАДАЧАТА НА ЛИДЕРОТ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО СТРУГА ДАДЕ 11 ГОЛА, НО…

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА В САЛА ПОРАНО, ОД 17 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе