Вчера во Бања Лука, Република Српска, почна Европското првенство во футсал за ученици до 18 години, а меѓу учесниците е и Македонија, чиј преставник е екипата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп. Екипата, македонски шампион, ја предводат професорите Илија Ангелески и Христијан Митрески, а тие на располагање имаат фудбалери, главно од Фудбалскиот клуб Победа: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Ѓероски, Ведран Мегленски (најмал со 16 години), Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски и Бруно Стефаноски.
На Европското се 250 играчи со 15 екипи од 11 држави: Македонија, Белгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија, Словачка и Република Српска (Босна и Херцеговина). Екипите ќе бидат поделени во 4 групи.
Првенството трае до 16 мај, па затоа младата екипа Победа настапува ослабена во Втората сениорска лига на Македонија. Подолу се резултатите од вчерашното 28. коло:
Кожуф – Победа 8:0, Охрид – Големо Коњари 3:0, Тетекс – Скопје 0:1, Преспа – Детонит 0:3, Саса – Слога В. 1:0, Новаци – Беласица 1:0, Брегалница Ш. – Шкендија А. 1:1, Вардар Н. – Осогово 0:4.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Скопје по 65, Шкендија А. 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Новаци 50, Детонит 49, Кожуф 42, Тетекс и Саса по 36, Вардар Н. 19, Преспа 15, Слога В. 12, Победа 11, Г. Коњари 7.
СЛЕДНО 29. КОЛО (сабота, 16 мај, 16.30 часот): Победа – Вардар Н., Г. Коњари – Скопје, Кожуф – Тетекс, Осогово – Брегалница Ш., Шкендија А. – Новаци, Беласица – Саса, Слога В. – Преспа и Детонит – Охрид.
——————————————————————————————-
АКЦИЈА ЗА ХУМАНОСТ НА 12 МАЈ (ВТОРНИК) ОД 20 ЧАСОТ
Карти може да набавите од билетарата на НУЦК Марко Цепенков
Во животот човек не се станува со пари. Богати сме доколку помагаме, богати сме доколку имаме човечност, срце. Големината на човекот е во помагањето на другите. Колку сме богати и големи зависи од нас. На 12.05.2026г во ДОМ НА КУЛТУРАТА МАРКО ЦЕПЕНКОВ со почеток во 20:00 часот. Дојдете, покажете ја вашата големина, покажете дека заедно можеме нешто, нешто што предизвикува насмевка, нешто што СПАСУВА живот.
ЗА МОНИКА!!! Ве очекуваме
#ЈасСумХуманБидиИТи!