Денеска, сабота, 28 март, од 14.30 часот, почнуваат сите мечеви (освен во Штип, Брегалница – Охрид) во рамките на 22 коло на Втората лига на Македонија. Во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ Победа игра со Детонит од Радовиш. За прилепската екипа може да се очекува да биде посилна од претходното гостување во Големо Коњари, бидејќи за денеска можно е да бидат во екипата неколку поискусни првотимци, како Давид Дебрешлиоски (паузирал поради повреда) и Кристи Крајоски (одмарал поради 5 жолти картони).
ДВОЈКИ ЗА 22 КОЛО (денеска, сабота, 28 март): 14.30 часот: Победа – Детонит, Кожуф – Големо Коњари, Тетекс – Саса, Новаци – Преспа, Вардар Н. – Скопје, Осогово – Слога, Шкендија А. – Беласица. 18.00 часот: Брегалница Ш. – Охрид.
ТАБЕЛА: Охрид 49, Шкендија А. 48, Скопје 47, Брегалница Ш. 46, Беласица 43, Осогово 39, Новаци 37, Детонит 35, Кожуф 29, Тетекс 27, Саса 25, Вардар Н. 15, Преспа 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 7.