Од мајстор – помајстор има на Тринаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2025“ во Прилеп, а тоа е се повидливо бидејќи се играат елиминациски натпревари. Кој губи – отпаѓа. Вечерва е вториот ден од осминафиналето и во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ пак ќе има преполно публика. На ред е втората група од пет осминафинални дуели, почнувајќи од 19.00 часот.
Распоред за денеска, среда, 24 декември 2025, осминафинале,
19.00 ч.: Андринико (Ф-група) – Кули (Е-група)
19.45 ч.: Фенербахче (Х-група) – Инекс Олгица (Г-група)
20.30 ч.: Теа Андреа/Хајв кафе (Б-група) – Компанија Атанасовски (А-група)
21.15 ч.: АСП Пак (Д-група) – Фасада Чајник (Ц-група)
22.00 ч.: Пилана Жарко/Железарија Желеко (Ц-група) – АМД Прилепец (Д-група).
Како што се гледа, освен прилепски, има екипи и од други општини или градови, како Андринико (Скопје), Фенербахче (Кичево), Инекс Олгица (Охрид), Компанија Атанасовски (Скопје), АСП Пак (Охрид)…
Публиката уживаше и вчера. Се добија и првите четвртфиналисти, а паднаа и мајсторски голови, дури и преку лоб, што се гледа на видеото подолу, ПВЦ Никем постигнува гол против Јока:
Резултати од вчера – вторник:
Давид Коруноски (Г-група) – Џулијано/Хримакс (Х-група) 8:3. Во четвртфиналето Давид Коруноски ќе игра против победникот од Андринико – Кули.
Јока (Ф-група) – ПВЦ Никем (Е-група) 1:4. Во четвртфиналето ПВЦ Никем за противник го има победникот од дуелот Фенербахче – Инекс Олгица.
Гостилница Мерак (А-група) – Аце Најдески (Б-група) 0:3. Екипата Аце Најдески во четвртфиналето за ривал го има победникот од Фасада Чајник – АСП Пак.