Во спортот се бараат само победи, голови, резултати, но здравјето никогаш нема да биде надминато по вредност. Затоа и денеска, на мечот Победа – Детонит, најбитна е 77. минута, кога лекарите и медицинските лица мораа да се борат и се изборија за се да биде во најдобар ред со домашниот фудбалер Кристи Крајоски. На младиот, 19-годишен играч, му затреба лекарска помош и затоа играта беше во прекин за да влезе возило со медицинска екипа. Потоа од луѓето што се активни во Фудбалскиот клуб Победа се разнесе убава вест дека се е во најдобар ред со Крајоски, инаку еден од најдобрите пролетва во младинско-кадетскиот состав на Победа.
Што се однесува до спортскиот дел од мечот – резултатот е 0:6 во полза на Детонит, стрелци се Стефан Бабунски во 14. од пенал и во 64., Тино Спасиќ во 25., Дарко Алексовски во 39., Сашо Дуков во 72., Урон Алили во 79. минута. Домашниот тим Победа поголемиот дел од мечот го одигра со 10 играчи во постава, бидејќи црвен картон во 13. минута, поради спасување гол намерно со рака, доби 17-годишниот Гоце Кузманоски.
ЗАПИСНИК ПОБЕДА – ДЕТОНИТ
ДЕНЕШНИ РЕЗУЛТАТИ
Тетекс – Саса 3:0, Новаци – Преспа 2:0, Вардар Н. – Скопје 0:2, Кожуф – Големо Коњари 3:0, Победа – Детонит 0:6, Осогово – Слога В. 3:0, Шкендија А. – Беласица 0:0, Брегалница Ш. – Охрид 1:0.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 23. КОЛО (сабота, 4 април, 15.30 ч.): Слога В. – Победа, Шкендија А. – Тетекс, Беласица – Осогово, Детонит – Кожуф, Скопје – Брегалница Ш., Охрид – Новаци, Преспа – Саса. Недела, 5 април, 15.30 ч.: Големо Коњари – Вардар Н.

