Екипата Прилеп издржува на првото место од Плејаутот на Супер лигата на Македонија и покрај распоредот, во кој мора да истрпи дури цел месец неиграње првенствен меч дома. Потсетуваме на редоследот. Последниот меч дома, во Прилеп, Прилеп со 29:25 го совлада МРК Куманово. Тоа беше на 14 март, во 2. коло. Следното 3.коло беше во петокот, 27 март. Тогаш во Струга, Струга – Прилеп 25:31. Најефикасни: Наум Костов 9 гола (Струга) – Димитар Димитриоски 8 гола (Прилеп). Потоа, на 4 април, во рамките на 4. коло, во Скопје, Пролет 62 игра со Прилеп. Така, дури на 14 април (вторник) се игра во Прилеп, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, во 5. коло.
По одиграното 3. коло подолу е табелата од Плејаутот на Супер лигата на Македонија.
ТАБЕЛА
