Во Струмица завршија државните поединечни првенства за млади категории шахисти, така што во секоја категорија познати се освојувачите на медалите. Во највозрасната категорија, до 18 години, 13 учесници одиграа 6 кола. Прв – златен, е ФМ Антон Златков (Гамбит, Скопје) со максимални 6 поени, втор – сребрен, прилепчанецот Никола Павлески (Алкалоид, Скопје) со 4, трет – бронзен, Кристијан Лазовски (Гамбит, Скопје) со 4. За скопски Алкалоид настапи уште еден прилепчанец, 10-тиот Михаил Маркушески, којшто освои 3 поени, исто колку и 6-иот Иван Петровски (Шах-шех, Битола).
Меѓу клубовите со медал се вбројува и ШК Прилеп, благодарејќи на Теодора Ѓорѓиеска, освојувачка на сребро во категоријата до 16 години.
КОНЕЧНИ ПЛАСМАНИ:
Женски до 8 години
1.Теа Ташкова (Цареви Кули, Струмица) 1
2.Сања Николовска (Гамбит, Скопје) 1
Женски до 10 години
1.Ина Крумова (Гамбит, Скопје) 6
2.Софија Беловска (Гамбит, Скопје) 6
3.Катја Поп-Николова (Цареви Кули, Струмица) 4,5
Женски до 12 години
1.Илијана Велева (Алкалоид, Скопје) 5
2.Кајла Бурнс (Гамбит, Скопје) 4
3.Софија Филипче (Гамбит, Скопје) 3
Женски до 14 години
1.Елисавета Бурнс (Капабланка, Скопје) 5,5
2.Исидора Лукановска (Алкалоид, Скопје) 5
3.Наде Смилевска (Стево Патако, Битола) 3,5
Женски до 16 години
1.Делфина Огњановска (Гамбит, Скопје) 2
2.Теодора Ѓорѓиеска (Прилеп) 1
3.Лана Трајкова (13 Ноември, Битола) 0
Женски до 18 години
1.ВФМ Моника Жежовска (Алкалоид, Скопје)
Машки до 8 години
1.Јован Јовановски (Куманово) 5,5
2.Бењамин Бурнс (Гамбит, Скопје) 5
3.Сергеј Станковиќ (Куманово) 4
Машки до 10 години
1.Давид Атанасовски (Алкалоид, Скопје) 6
2.Селим Абдурахман (Капабланка, Скопје) 6
3.Васил Иванов (Алкалоид, Скопје) 5
Машки до 12 години
1.Марко Стојановиќ (Алкалоид, Скопје) 5
2.Лука Симоноски (Алкалоид, Скопје) 4
3.Дамјан Николовски (Капабланка, Скопје) 4
Машки до 14 години
1.Даниел Стефаноски (Капабланка, Скопје) 6
2.Никола Петровски (Капабланка, Скопје) 5
3.Андреј Божиновски (Алкалоид, Скопје) 5
Машки до 16 години
1.Никола Радоњанин (Алкалоид, Скопје) 6
2.Михаил Бурнс (Капабланка, Скопје) 5,5
3.Никола Смилевски (Капабланка, Скопје) 4,5
Машки до 18 години
1.ФМ Антон Златков (Гамбит, Скопје) 6
2.Никола Павлески (Алкалоид, Скопје) 4
3.Кристијан Лазовски (Гамбит, Скопје) 4
Победниците ќе ја претставуваат Македонија на европските и светските поединечни првенства.