Ако се земе предвид дека последниот меч беше на 25 мај – за Куп со Стрела од Ерековци, а првиот следен собир за старт на подготовките е најавен за околу 10 јули, одморот за тренерите и фудбалерите на второлигашот Победа ќе биде околу 45 дена. Ова „околу“ е поради тоа што точен датум не е одреден за старт на подготовките. Исто така треба да се има предвид дека за некои фудбалери нема апсолутен одмор, бидејќи тренираат индивидуално или во мали групи или учествуваат на турнири во мал фудбал.
Во врска преодниот рок нема многу информации, освен што е потврдено дека единствен заминат е Метин Ќерими, а во тек се преговорите со многумина кандидати за да дојдат во Победа.