Најбројната лига на натпреварување е Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп со учество на 18 тима. Прво се одигра основниот дел, потоа плејофот, по што се добија финалистите. Тоа се екипите на Витаминка и СОНК. Победникот станува првак. Интересен е и мечот за третото место, Паркетар Горан Електроелемент – ВИК. Завршницата е во вторник, во салата „Еврогол-арена“ кај Градскиот базен.
РАСПОРЕД ЗА ВТОРНИК (24 јуни 2025)
19.30: Паркетар Горан Електроелемент – ВИК (за 3. место)
Потоа: Забавен дел
21.30: Витаминка – СОНК (финале).
За екипите настапуваат и познати фудбалери, некогашни првотимци во клубовите од големиот фудбал.