Многумина прилепски фудбалски љубители, особено тие со купени сезонски влезници, се интересираат околу тоа дали денеска или некој друг ден е мечот Победа (Прилеп) – Башкими (Куманово) во рамките на 16-финалето од Купот на Македонија. Поради овој интерес уште еднаш објавуваме дека има поместување – наместо денеска (среда) како што беше најавено, дуелот ќе се одигра по 6 дена, на 9 септември (вторник) од 15.30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Интересен дуел помеѓу домашниот второлигаш кој од меч на меч станува се посилен со нови играчи, против гостинскиот прволигаш. Одложувањето е на барање на гостите, поради згуснатиот распоред на мечевите во овој период.
Инаку, во врска со симпатизерите на Победа, потсетување дека се уште се во продажба сезонските влезници по цена од 1.200 денари, а клупската канцеларија за оваа намена е отворена секој ден во попладневните часови, за време на тренинзите на екипатa.
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
