Ова лето имаше многу турнири во мал фудбал во регионов, а на нив успешните играчи безмалку се повторуваа. Станува збор за фудбалери од Прилеп и Прилепско, собрани во иста екипа. Како се да почна на 25 јуни кога екипата под име СОНК го освои првото место во Бизнис лигата во мал фудбал, а тогаш настапија: Марјан Николоски, Валентин Колевски, Влатко Кузманоски, Влатко Тошески, Христијан Митрески, Александар Крстески, Александар Секулоски, Филип Стомнароски, Никола Толоманоски, Златко Думбалоски, Владимир Сојчески и Владимир Ачкоски. Беа најдобри меѓу 18 тима.
Подоцна се заредија успесите, а екипата што настапуваше имаше име „Пилана Жарко с. Ропотово“. Покрај претставникот на компанијата Мартин Стојоски, екипата ја прославија следниве играчи: Давор Илиоски, Валентин Колевски, Борче Макешоски, Кире Наумоски, Димитар Китаноски, Борче Сркески, Влатко Тошески, Денис Димитриоски, Благојче Митрески и Христијан Митрески. Всушност, на следниот турнир во Могила беше дел од оваа во друга екипа – Валентин Колевски, Борче Сркески, Борче Макешоски и Благојче Митрески, и таму успеа да го освои првото место со наградата од 80.000 денари. Натаму сите четворица се вратија во „Пилана Жарко с. Ропотово“ и учествуваа на три турнири – Дебреште (таму освоија 240.000 денари за 1. место), Кривогаштани (50.000 денари за 2. место) и на крајот, на 28 август во Македонски Брод (награда од 170.000 денари за 1. место),


– По потреба одигравме и по два елиминациски меча во ист ден, на два турнира. Требаше многу сила за да се издржи. Последниот ден откако го загубивме финалето во Кривогаштани, го добивме во Македонски Брод. Таму, на тој турнир, претходно ја елиминиравме прочуената екипа Фенербахче од Кичево. Останува секаде во спомен многу публика, особено од Македонски Брод, каде имаше преполно, од сите возрасти, мажи и жени – се импресииите на Валентин Колевски.
ВИДЕО
Дебреште
https://www.facebook.com/share/r/19kWgdGUH7/
Македонски Брод
https://www.facebook.com/reel/1852349825683036
Екипата со учества најверојатно ќе продолжи и есенва, на турнир во Тетовско.