Пинг-понг

ПРИЛЕП ПОСИЛЕН СО ИГРАЧИ ОД ГРЦИЈА, БУГАРИЈА И СРБИЈА!

Двете сениорски екипи на Младост 96, машката и женската, имаат нескриени амбиции за освојување на титулите државен шампион на Македонија во претстојнава сезона. Тоа е и очекувано, ако се има предвид се она што се случуваше во летниот преоден рок.

Машката екипа Младост 96, актуелен вицешампион на Македонија преку второто место во Супер лигата, во своите редови го доведе 19-годишниот Георги Стојанов (Бугарија), досегашен член на Пелагонија од Битола. Покрај него во Младост 96 пристигна 50-годишниот Ѓоко Јочкоски од прилепска Младост, човек којшто ќе биде во две улоги – играч и тренер на сениорскиот и младинскиот тим. Други членови на клубот се: 38-годишниот Ѓорѓе Борчиќ (Србија), 32-годишниот Антонио Стомнароски, 31-годишниот Андреј Лашкоски, 20-годишниот Нико Доага, 27-годишниот Петар Костовски (тренер во САД), како и 14-годишниот Трајче Маркоски (со двојна регистрација за младинската и сениорската екипа).

И женската екипа Младост 96 има засилувања: 24-годишната Ива Димитриевска и 15-годишната Матеја Смолиќ (двете од скопски Рисови), 18-годишната Софија Хасану (Младост), како и Стела Цариду (Грција).

И младинскиот машки тим Младост 96 привлекува внимание со амбицијата да биде првак во Втората сениорска лига. Располага со овие играчи: Давид Јоноски (15), Мартин Ристески (14), Лука Огненоски (18), Трајче Маркоски (14), Огнен Илиески (14) и Петар Ристески (17).

Почетокот на првенствата е во октомври, а дотогаш се подготовките. Вчера беше првиот тренинг, кондициски, кај Могилата на непобедените во Прилеп. Со него раководеше Ѓоко Јочкоски, бидејќи досегашниот тренер Гоце Тошески има понуда да ја продолжи кариерата во Макарска (Хрватска), а доколку остане во Прилеп за него е тренерското место на женскиот тим.

Клубот Младост 96 и натаму успешно го водат Марјан Матракоски (претседател) и Златко Рикалоски (потпретседател и на клубот и на Пингпонгарската федерација на Македонија).

ТРОЈЦА МЕЃУ СВЕТСКИТЕ ЅВЕЗДИ!

Во Младост 96 се и искусни, квалитетни, но и талентирани играчи. Дел од талентираните се учесници на светскиот пингпонгарски  турнир (Контендер) во Скопје за најдобрите светски младинци до 19 и за најдобрите светски младинци до 15 години. Од прилепскиот клуб во салата „Јане Сандански“ ќе се појават тројца: Давид Јоноски, Мартин Ристески и Софија Хасану.

Светскиот турнир се одржува од денеска до недела.

МОЛБА ЗА ПОМОШ!

Од категоријата

ПРИЛЕП: ВТОРИОТ ТИМ СТАНА ПРВОЛИГАШ, А ПРВИОТ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ДО ФИНАЛЕ ИМА РИВАЛ СО 2 БОДА ПОМАЛКУ НА ТАБЕЛАТА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ СО ЕДНА НОГА ВЕЌЕ ВО ФИНАЛЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион