Прилепската спортска публика со душа чека привлечен спортски настан, а токму таков е Плејофот од Супер лигата на Македонија во пинг-понг и борбата за титулата. Прво е полуфиналето денеска (недела) од 12 часот, во салата на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“во Прилеп, каде е дуелот Младост 96 (Прилеп) – Шампион ФА (Штип), а утре (понеделник) е реваншот во Штип.
Во основниот дел од Супер лигата Младост 96 го освои второто место со 33 бода, а Шампион ФА третото место со 31 бод. Нивниот последен дуел беше на 17 мај, кога Младост 96 победи со 4:3. Тогаш за прилепскиот тим две партии доби Србинот Ѓорѓе Борчиќ, една Андреј Лашкоски, а последната му припадна на дублот Ѓорѓе Борчиќ/Андреј Лашкоски. За Шампион ФА една партија доби Драган Ѓорѓевиќ, две партии доби Филип Младеновски.
СОСТАВИ,
ППК Младост 96: Прилепчани се тренерот и играч Ѓоко Јочкоски, Андреј Лашкоски и Антонио Стомнароски, крушевчанец е Нико Доага, штипјанец е Петар Костовски, а странско засилување е Србинот Ѓорѓе Борчиќ. Клубот со Управниот одбор го водат Марјан Матракоски и Златко Рикалоски.
Шампион ФА Штип: Драган Ѓорѓевиќ, Амелиа Николов, Филип Младеновски, Сашко Богатинов, Александар Кралев, Зоран Димитријевски.
Второто полуфинале е помеѓу првиот и четвртиот на табелата: Крива Паланка – Телеком нец 2 Скопје
ПРЕТХОДНА ТАБЕЛА
