Втората екипа на ППК „Младост 96“ успеа да обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување и од следната сезона ќе настапува во Првата лига! Со денешните убедливи победи од 4:0 против „Патриоти“ и „Патриоти 2“, и со само еден пораз во текот на целата сезона, прилепските млади надежи заслужено го потврдија својот квалитет и карактер. Заслужни се: Давид Јоноски, Трајче Маркоски, Лука Огненоски, Огнен Илиески, со помошта од првиот тим на Нико Доага, под раководство на тренерот Антонио Стомнароски, како и раководството со Марјан Матракоски и Златко Рикалоски.
Голема радост за сите претходни, но желби за успех имаат и во првиот тим на Младост 96. Таму претстои Плејофот од Супер лигата на Македонија и борбата за титулата. Прво полуфиналето утре (недела) од 12 часот, во салата на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, каде е дуелот Младост 96 – Шампион ФА, а задутре (понеделник) реваншот во Штип.
СОСТАВИ,
ППК Младост: Прилепчани се тренерот и играч Ѓоко Јочкоски, Андреј Лашкоски и Антонио Стомнароски, крушевчанец е Нико Доага, штипјанец е Петар Костовски, а странско засилување е Србинот Ѓорѓе Борчиќ.
Шампион ФА Штип: Драган Ѓорѓевиќ, Сашко Богатинов, Александар Кралев, Филип Младеновски, Зоран Димитријевски.
Второто полуфинале е: Крива Паланка – Телеком нец 2 Скопје.