Вечерва е завршницата, последниот ден од најбројната лига на натпреварување – Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп со учество на 18 тима. Прво се одигра основниот дел, потоа плејофот, по што се добија финалистите. Тоа се екипите на Витаминка и СОНК. Победникот станува првак. Меѓу играчите што ќе настапат има и поранешни првотимци на Победа, а и нивните соиграчи се со искуство и од малиот и од големиот фудбал. Интересен е и мечот за третото место, Паркетар Горан Електроелемент – ВИК. Место на натпреварите е салата „Еврогол-арена“ кај Градскиот базен.
Еве ги списоците на екипите финалисти
ВИТАМИНКА: Ангелчо Патоски, Кире Јовески, Васко Наумоски, Бојан Стојковски, Диме Трајчески, Филип Наумчески, Мартин Ангелески, Александар Чешелковски, Александар Костадиноски, Давид Велески, Борис Илиоски, Филип Шафкулоски.
СОНК: Марјан Николоски, Валентин Колевски, Влатко Кузманоски, Влатко Тошески, Христијан Митрески, Александар Крстески, Александар Секулоски, Филип Стомнароски, Никола Толоманоски, Златко Думбалоски, Владимир Зојчески, Владимир Ачкоски.
РАСПОРЕД ЗА ВЕЧЕРВА (вторник, 24 јуни 2025)
19.30: Паркетар Горан Електроелемент – ВИК (за 3. место)
Забавен дел
21.30: Витаминка – СОНК (финале).