Фудбал

ГРАДСКИ СТАДИОН ВО ПРИЛЕП: ОД ЕДЕН СЕ ПРАВАТ ТРИ ТЕРЕНИ!

Подготовките за четвртото издание на Меѓународниот фудбалски турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“ одамна се почнати, а од денеска се работи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, место за играње на мечевите, наместо Стадионот „Могила“, каде што беа претходните три изданија. Според информациите што ги добивме, денеска на „Гоце Делчев“ се врши косење на тревата, рамнење на теренот. Потоа е обележување и оградување. Имено, од еден голем терен ќе се исцртаат линии за три терени – еден најголем на половина од целиот терен што е за голем фудбал, како и два помали терена на четвртини од него, т.е. на половини од останатата половина. На големиот терен ќе играат највозрасните групи – родени 2013 и 2014 година, а на другите два терена – помалите, родени 2015, 2016, 2017 и 2018 година.

Турнирот ќе се одвива на 27, 28 и 29 јуни петок, сабота и недела, а организатори се Општина Прилеп и ФШ „Тони“, школа со јубилеј од 25 години постоење.

Гости на турнирот ќе бидат познати фудбалери, фудбалери коишто својата кариера како деца ја почнале токму во Фудбалската школа „Тони“.

 

Од категоријата

ПОБЕДА ОДИГРА СО 11 МЛАДИНЦИ, ПРОСЕКОТ Е 18,4 ГОДИНИ!

Зоран Иге

(фото) МНОГУ ГЛЕДАЧИ И ЗА ОПШТИНСКА ЛИГА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(фото, видео) ВТОРО ПОЛУФИНАЛЕ НА ОФС ПРИЛЕП, ПРЕСВРТ ОД 0:1 ДО 5:1!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион