Возбудлив беше последниот ден, завршницата од Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп. Во салата „Еврогол арена“, кај Градскиот базен, имаше и многу публика на трибината. Очигледно прилепчаните се „гладни“ за фудбал и користат секаква шанса за гледање натпревари.


Победник на Бизнис лигата е екипата СОНК, освојувач на највредниот пехар и медалите. Во финалето од плејофот: СОНК – Витаминка 2:0. Стрелци: Влатко Тошески и Валентин Колевски. Првото полувреме беше 0:0, во по одморот се реши мечот, кој го судеа Марјан Смилкоски и Филип Јованоски.

СОНК: Марјан Николоски, Валентин Колевски 1, Влатко Кузманоски, Влатко Тошески 1, Христијан Митрески, Александар Крстески, Александар Секулоски, Филип Стомнароски, Никола Толоманоски, Златко Думбалоски, Владимир Сојчески, Владимир Ачкоски.
ВИТАМИНКА: Диме Трајчески, Ангелчо Патоски, Кире Јовески, Васко Наумоски, Бојан Стојковски, Филип Наумчески, Мартин Ангелески, Александар Чешелковски, Александар Костадиноски, Давид Велески, Борис Илиоски, Филип Шавкулоски.

Претходно се одигра и мечот за 3. место, Паркетар Горан Електроелемент – ВИК 3:1. Стрелци: Дејан Димески, Виктор Ристески, Менде Пуличоски (Паркетар Горан Електроелемент) – Кире Брсакоски (ВИК). Во победничкиот тим Паркетар Горан Електроелемент (екипа која под ова име настапува долги 25 години) одигра Горан Сливоски, највозрасниот во лигата, со 58 години, колку што има и Стевче Талески од екипата Тренери.
Според ова, конечниот редослед на најдобрите четири тима е: СОНК, Витаминка, Паркетар Горан Електроелемент, ВИК. На сите најдобри им беа доделени пехари, медали и плакети. Највредното е што имаше дружба и расположение до полноќ.


Меѓу двата меча од Бизнис лигата се одигра пријателски дуел на пионерски екипи од две школи, Еврогол – Вондеркидс 1:2. Интересно е што екипите ги водеа: Миле Гаврилоски, организаторот на сегашнава Бизнис лига и Стевче Талески, човекот организатор на првото издание на Бизнис лигата во 2011/12.


Оваа сезона учесници беа 18 тима, а за следната се очекуваат уште повеќе.

076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА НИЗ ПРИЛЕП
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403
