Претстои четвртото издание на Фудбалскиот турнир „Прилеп куп“, првпат на прекрасниот, израмнет терен од Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Настапуваат екипи од познати клубови и школи (Победа, Пелистер, Тиквеш, Брера, Беласица, Напредок, Еден на еден, Кул, ЛГ…) во 6 возрасни категории – деца од 7 до 12 години. Возбудувањата се три дена – утре (петок), задутре (сабота) и в недела. За најдобрите има вредни награди, пехари и медали, од организаторите – Општина Прилеп и ФШ „Тони“, школа со јубилеј од 25 години постоење.


Во пресрет на почетокот, следи аудио-разговор со Тони Наумоски, сопственикот на Фудбалскиот клуб Прилеп (Фудбалска школа „Тони“):