Екипата СОНК е победник на Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп. Во финалето од плејофот, СОНК – Витаминка 2:0, со головите на Влатко Тошески и Валентин Колевски.
Дека беше неизвесно, покажува резултатот од првото полувреме, 0:0. И во двата тима настапија некогашни истакнати играчи од големиот фудбал, од Победа. Меѓу нив е Валентин Колевски, стрелецот на вториот гол за СОНК. Подолу е видео-разговорот со него веднаш по финалето, во салата „Еврогол арена“.
ВИДЕО