Одлично помина првиот ден од четвртото издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Прилеп куп“, првпат на прекрасниот, израмнет терен од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Публиката уживаше во мајсториите на младите таленти од фудбалските клубови и школи од цела Македонија – Тони, Победа, Пелистер, Тиквеш, Брера, Беласица, Напредок, Еден на еден, Кул, ЛГ…) во 6 возрасни категории – од 7 до 12 години. Голови многу, дури и до 15 на меч. А во битолски Пелистер тренерите комуницираат и на македонски и на грчки јазик, затоа што тука се играчи – засилувања од Грција.





Денешниот, втор ден од турнирот во организација на Општина Прилеп и ФШ Тони започнува од 8 часот, а со мала пауза трае цел ден, до мрак.


