Денеска е третиот и последен ден на четвртото издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Прилеп куп“, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Публиката уживаше два дена, а и денеска сигурно ќе биде така бидејќи претстојат елиминации, кој губи отпаѓа. Борбата од четвртфинале, преку полуфинале е до финалето и пхарите во сите 6 категории – од 7 до 12 години. На крајот е свечениот дел, доделувањето на наградите, а по повод 25 години постоење на Фудбалската школа „Тони“ се готви изненадување од некогашните деца на Школата, сега познати фудбалери, а такви ги има три тима, 33 во државава и во странство.




Денешната програма на турнирот, чии организатори се Фудбалската школа „Тони“ и Општина Прилеп, стартува рано утрово, од 8 часот.
ШЕМА ПО ГРУПИ





