Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп одлучи – нов шеф на Стручниот шраб ќе биде Наум Танески, бивш тренер на Струга и актуелен селектор на Младинската репрезентација на Македонија. Со екипата Струга успеа да постигне опстанок преку бараж-меч, но со екипата Прилеп сигурно дека целта ќе биде повисока – пласман во горниот дел од табелата, во плејоф-фазата.
Потсетуваме на промените во играчкиот кадар: заминати се тројца – левото крило Давид Трајкоски (Алкалоид, Скопје), десниот бек Никола Шипинкоски (Охрид), левиот бек Ангелчо Органџиев (?), а дојдени се двајца – грузискиот десен бек Сандро Дарсанија (Португалија) и црногорскиот десен бек Божидар Лековиќ (Азербејџан), а досегашните првотимци ги продолжија договорите.
Од клубот е најавен Меѓународниот турнир „Миле Нешкоски“ за 21, 22, 23 и 24 август.