Заврши четвртото издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Прилеп куп 2025“. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ уживаше публиката, која беше толку многубројна, да позавиди и првенствен меч од нашите лиги.
Некои од натпреварите беа толку изедначени што одлучуваа пенали. А пред доделувањето на наградите имаше и солзи, не само кај наградените. Солзи беа неминовни кај Тони Наумоски, сопственикот на Фудбалската школа „Тони“, организатор заедно со Општина Прилеп. Солзите не можеа да се задржат по изненадувањето – видео снимката на виде-бимот на која беа поздравите, обраќањата на познати фудбалери коишто имаат богата фудбалска кариера, а своите почетоци ги имале токму во Фудбалската школа „Тони“, школа со 25- годишен јубилеј на постоење.
Разделбата меѓу екипите и публиката, организаторите, судиите и воопшто сите присутни на стадионот беше со желба за следно среќавање, на петтото издание на Меѓународниот турнир „Прилеп куп 2026“.
ПЛАСМАНИ И РЕЗУЛТАТИ
2018
1 Ферплеј (Охрид)
2 Ускана (Кичево)
3 Тони (Прилеп)
Финале: Ферплеј – Ускана 2:0
За 3. место: Тони – Еврогол 5:2
2017
1 Еден на еден (Могила, Битолско)
2 Ферплеј (Охрид)
3 Еврогол (Прилеп)
Финале: Еден на еден – Ферплеј 2:1
За 3. место: Еврогол – Напредок 2:1
2016
1 Перак (Прилеп)
2 Кул (Скопје)
3 Ѕвезда (Горно Оризари, Битолско)
Финале: Перак – Кул 5:0
За 3. место: Ѕвезда – Напредок 3:0 (сл.)
2015
1 Тони 1 (Прилеп)
2 Ферплеј (Охрид)
3 ЛГ (Битола)
Финале: Тони 1 – Ферплеј 6:0
За 3. место: ЛГ – Еврогол 2:2 (7:6 пенали)
2014
1 Тиквеш (Кавадарци)
2 Нови таленти (Струмица)
3 Пелистер (Битола)
Финале: Тиквеш – Нови таленти 1:1 (пенали 4:2)
За 3. место: Пелистер – Вондеркидс 0:0 (пенали 5:3)
2013
1 Пелистер (Битола)
2 ЛГ (Битола)
3 Тиквеш (Кавадарци)
Финале: Пелистер – ЛГ 4:1
За 3. место: Тиквеш – Дизниленд трејд 1:0.
Наградите ги доделија: Столе Дунимаглоски, Даниел Карчески, Дарко Илиески, Јорданчо Наумоски, Тони Наумоски и Милан Тодороски.