Џудо

(фото) ПОСЛЕДНИТЕ НАСТАПИ ДАВААТ ОПТИМИЗАМ ЗА ЕВРОПСКИ МЕДАЛ ДА СЕ ДОНЕСЕ ВО ПРИЛЕП!

Заврши репрезентативниот настап на Европското првенство во џудо за кадети во Скопје за прилепските џудистки.


Репрезентативката Теодора Илиоска -57 кг.
, членка на Џудо клубот Сеишин од Прилеп беше единствена од целата македонска репрезентација којашто прикажа најмногу, односно оствари 2 победи на ова големо и престижно натпреварување. Имено во првото коло Теодора се бореше против Леа Болтванова (Словачка) каде оствари победа 10-0 со ипон. Потоа во второто коло се бореше против Европската шампионка на ова првенство Софија Пеки (Финска) од која загуби 0-10 со ипон и јуко. Подоцна во репесажот против Десара Ндоци (Албанија) повторно оствари победа 10-0 со ипон. На крајот во финалниот репесаж се бореше против Катерина Каизер (Германија) од која загуби 0-10 со ипон.


Нејзината сестра Тамара Илиоска -52 кг.
исто така репрезентативка и членка на Џудо клубот Сеишин, во првото коло се бореше против Сидорела Додај (Косово) од која загуби 0-10 со ипон. Во репасажот се сретна со Ајсун Мамадова (Азербејџан) од која исто така загуби 0-10 со ипон.


Во екипна конкуренција (микс тимови) нашата репрезентација имаше неповол
на ждрепка и во првото коло се бореше против Европскиот шампион на ова натпреварување Франција од која загубивме, додека во репесажот исто така загубивме против репрезентацијата на Грција којашто
заврши како петтопласирана. Репрезентативката Теодора Илиоска во екипното натпреварување настапи во една повисока тежинска категорија – 63 кг. и тука покажа одлични борби, особено против противничката од Грција каде се водеше една долга и неизвесна борба.


Стручниот тим од Џ
удо клубот Сеишин е задоволен од настапот на своите две членки

– Тие демонстрираа одлично џудо и рамноправно се носеа со противничките. Напорната и секојдневната континуирана работа и тренинг излезе на површина. Бидејќи станува збор за возрасна категорија кадетки, почетна година и престојат уште дополнителни две во оваа категорија за двете џудистки, ова претставува дополнителен мотив за сите да се работи уште понапорно, да се акумулира поголемо искуство, бидејќи сме на чекор и до европски медал – порачуваат од ЏК Сеишин.

Од категоријата

БОРБА СО АНГЛИЧАНИ ЗА МЕДАЛИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕСЕТ ДРЖАВИ СЕ СОБИРААТ ВО ПРИЛЕП!!!

Зоран Иге

НОВИ ТРЕНЕРИ И СУДИИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион