Џудо

БОРБА СО АНГЛИЧАНИ ЗА МЕДАЛИ ВО ПРИЛЕП!

На 4 октомври 2025 во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп,  ќе се одржи 15-тото издание на Меѓународниот турнир во џудо „Прилеп град херој 2025 Цевитана куп“. Турнирот е во организација на Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп со поддршка на Џудо федерацијата на Македонија. Истиот е за возрасните категории: деца, помлади пионери и пионери во машка и женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во околу  40 тежински категории. Согласно досега пријавените клубови се очекуваат натпреварувачи од 8 држави и тоа: Грција, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Турција и Англија, покрај домашните клубови од  Македонија. Но пријавувањето е во тек и според најавите и оваа година во Прилеп ќе пристигнат  над 300 натпреварувачи, која бројка ќе се знае веќе  на 2 октомври. И оваа година повторно има клубови од нови две држави кои за прв пат доаѓаат во Прилеп – Англија и Турција, со што турнирот го зголемува бројот на земји учеснички. 

Традиционално на еден ден пред почетокот на турнирот т.е. на 3 октомври, прилепскиот клуб ќе ја одржи редовната  прес-конференција за јавноста и медиумите со цел да се соопштат сите детали за настанот а ќе се претстават дел од гостите, помагателите и спонзорите за овој настан. Потсетуваме – претседател на ЏФМ е прилепчанецот Владимир Трпаноски, а прилепчани има и селектори на повеќе возрасни категории.

Затоа се покануваат сите љубители на боречките вештини да земат присуство и да ги проследат борбите в сабота со почеток во 10 часот. Влезот е слободен.

Од категоријата

ОСУМНАЕСЕТ МЕДАЛИ ОД ДВА ПРИЛЕПСКИ КЛУБА!

Зоран Иге

(ВИДЕО+ФОТО) ГРЦИТЕ НАЈДОБРИ ПРЕД ПРЕПОЛНАТА САЛА ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ТУРНИР ЗА ПАМЕТЕЊЕ ПРЕД ПОЛНА ТРИБИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион