Во неделата во Лерин (Грција) беше македонскиот кошаркарски второлигаш Мега баскет од Прилеп, гостин на грчкиот второлигаш Аристотелибаскет, во чии редови има неколку странци од Црна Гора и од Србија. Членовите на прилепскиот клуб се презадоволни од играта и резултатот 86:80 за нив, како и од срдечниот прием. Прво во салата бил незаборавен амбиент од над 1.500 до близу 2.000 гледачи, а по дуелот следела заедничка вечера во угостителски објект, со долго дружење на двата клуба.
Во неделата во Лерин одигран е само еден меч наместо одржување турнир, бидејќи откажале две екипи што биле најавени за учество.
Тренерите, стручњаците од Мега баскет севкупно се презадоволни од мечот со моќниот домаќин, од играта и од резултатот што го потврдува тоа. Најефикасни во прилепскиот клуб: засилувањето од Струга Христијан Радически со 18 и Христијан Домлески со 15 поени.
Претходно, во саботата, во Кавадарци е одигран меч со второлигашот Спортисимо, на кој дуел е постигнат триумф од 85:62. Претстојниот викенд дома (сала на ООУ “Добре Јованоски“) ќе се одигра следниот пријателски меч, со второлигашот Охрид, во рамките на подготовката за првенството на Втората лига што почнува на 18 октомври.
Претседател на Мега баскет е Данаил Домлески, а тренери Сашо Костоски и битолчанецот Благој Печалов.