Претстои 5. коло од Првата лига на Македонија А-група, во тие рамки и дуелот Мега баскет – Охрид во Прилеп. Се игра в сабота, 15 ноември, во 19 часот, во салата на ООУ „Добре Јованоски“. Се среќаваат вториот и третиот на табелата, екипи коишто имаат ист број бодови – по 7, така што дуелот се смета за дерби, па се очекува прилепчаните да ја исполнат до последното место единствената трибина.
ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО: Мега баскет – Охрид, Црн Дрим – Тетекс, Младинец – Водно санс, Вардар слободен.
ТАБЕЛА: Вардар 8, Мега баскет и Охрид по 7, Црн Дрим и Тетекс по 4, Водно санс и Младинец по 3.