Се одиграа мечевите од 5. рунда на Првата кошаркарска лига на Македонија А-група. Во Прилеп Мега баскет со пресврт во третата четвртина успеа да го победи Охрид. Во првите две четвртини екипите се менуваа во водството, но по третиот период домашните се стекнаа со недостижна предност од дваесетина поени. Конечниот резултат беше 93:72. Најдобри стрелци се Марковски со 23, Радически со 20 и Враниќ 18 поени (Мега баскет) и Митков 12 (Охрид). Со овие два бода домаќините се враќаат на првото место на табелата.



Мега баскет – Охрид 93:72
Црн Дрим – Тетекс ТТК 84:62
Младинец – Водно санс 71:88
Вардар – слободен


ТАБЕЛА: Мега баскет 9 , Вардар 8, Охрид 8, Црн Дрим 6, Тетекс ТТК 5, Водно санс 5, Младинец 4.
ИДНО КОЛО (22.11)
Мега баскет – слободен
Охрид – Тетекс ТТК
Водно санс – Црн Дрим
Вардар – Младинец