И Општинската лига Б-група од ОФС Прилеп е интересна за прилепските фудбалски љубители, така што гледачи имаше и на дербито кај Могилата, Корзо – Прилеп сити. На ова дерби се случи пресврт – поведе Прилеп сити со голот на Димитар Грозданоски во 38. минута, но во второто полувреме Корзо преку Кирил Мирчески во 61., Емил Јанкулоски во 67. и Алекс Стојаноски во 84. минута успеа да ги освои трите бода. Објавената фотографија е од екипата Корзо.
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО: Корзо (Прилеп) – Прилеп сити 3:1, Партизан (Обршани) – Пролетер (Прилеп) 3:2, Канатларспор – Канатларци 2:0, Боротино – Братство (Житоше) 0:4.
ТАБЕЛА: Канатларспор, Братство и Прилеп сити по 12, Пролетер и Партизан по 9, Корзо и Боротино по 6, Канатларци 3.
СЛЕДНО 7. КОЛО (15/16 ноември): Братство – Партизан, Канатларци – Боротино, Прилеп сити – Канатларспор, Пролетер – Корзо.
Во повисокиот ранг, Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, се одиграа само два, заостанати меча, Козара (Заполжани) – Црвена ѕвезда (Сенокос) 2:6 и Кадица (Забрчани) – Стрела (Ерековци) 1:2.
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО: Братство (Големо Коњари) – Динамо (Мажучиште) 0:5, Кадино – Гарван (Десово) 3:0 службено, Козара (Заполжани) – Црвена ѕвезда (Сенокос) 2:6, Кадица (Забрчани) – Стрела (Ерековци) 1:2.
ТАБЕЛА: Стрела 18, Кадица 15, Кадино 12, Црвена ѕвезда 10, Динамо 6, Гарван 5, Козара 4, Братство ГК 0.
СЛЕДНО 7. КОЛО (16 ноември): Гарван – Братство ГК, Стрела – Кадино, Црвена ѕвезда – Кадица, Динамо – Козара.