Фудбалскиот клуб Победа е во најтешка ситуација токму оваа зима, така што меѓу многубројните илјадници нејзини симпатизери дознаваме дека бил договорен масовен собир. Дознаваме дека тој собир на илјадниците симпатизери на ФК Победа, на луѓе што не можат Прилеп никогаш да го замислат без постоењето на ФК Победа, договорено било да се одржи утре (вторник) 3 февруари 2026 година, во центарот од градот Прилеп, не на Плочникот туку пред Општината, во 12 часот, точно напладне. Ова е поддршка за Општината за да го реши проблемот со кризата на ФК Победа, проблемот со најсаканиот клуб на прилепчаните.
На овој начин се искажува загриженоста за ФК Победа, клуб кому му е потребна поддршка од Прилеп и цела Македонија, од организации и компании, од навивачи и симпатизери – и стари и млади, сега кога нема одржано ниту еден тренинг, кога нема почнато со зимските подготовки, кога нема активности ниту од Стручен штаб ниту од играчки кадар. Со масовното присуство илјадниците симпатизери покажуваат дека Прилеп и ден-денеска го сака фудбалот како што доликува на најфудбалски град, а Победа заслужува да постои и да учествува во натпреварите од преостанатиот дел на првенството.
Значи, прилепчани, млади и стари, жени и мажи, сите што при срце го имате Фудбалскиот клуб Победа, повелете пред 12 часот, вторник 3 февруари 2026 година, пред Општината, во центарот на Прилеп!!!