Фудбал

ФК ПОБЕДА ПРИЛЕП: ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕСКА, ШТО ЌЕ БИДЕ УТРЕ?

За две места – прво за кај Јарболот во центарот на Прилеп, потоа за пред Општината, беше закажан собир на симпатизерите на Фудбалскиот клуб Победа, собир со кој се искажува љубовта кон клубот и заедничката желба за спас од згаснување. Меѓутоа, ниту на првото ниту на второто место не се собра многу народ. Веројатно за тоа придонесе неорганизираноста, т.е. немаше ниту една организација што застанува како официјален организатор зад настанот или некаква група со свое име, со имиња и презимиња на нејзини водачи и членови.  И без таа организираност се појавија на собирот неколку стотини приврзаници на ФК Победа, како Валентин, Менде, Лазар, Блаже, Владо, Панче, од најмладите, до малку повозрасните, средната генерација, постарите, до пензионерите итн. Некои се јавуваа по мобилен прашувајќи што се случува, зошто нема масовност на собирот за поддршка на постоењето на ФК Победа. Дознаваме дека е договорено собир да има утре (среда) во пазарен ден, пак од 12 часот, напладне, кај Јарболот во центарот на Прилеп. Од разговорите со приврзаниците на фудбалот може да се забележат главно два става – едни се за оваа сегашнава Победа да продолжи да постои и да го доигра првенството во пролетниот дел, додека други се со мислење дека поради долговите овој сегашен ФК Победа добро е да престане да постои и да не го доигра првенството, а да се формира нов клуб којшто неоптоварен со долгови ќе се бори од ниските рангови да напредува, да оди нагоре или фузиран со некој третолигаш (можеби и во некоја трета варијанта) да напредува уште побрзо кон Втората па кон Првата лига.

Сите што сметаат дека има шанси уште за опстојување на сегашниот клуб ФК Победа закажаа пак собир за утре (среда) во 12 часот кај Јарболот, во центарот на градот Прилеп.

Според ова, треба да се почека и утрешниот ден, да се види какво е фудбалското расположение на Прилеп во овој тежок период.

 

Од категоријата

СИТЕ НОВИ ДОБИЈА ПРАВО ЗА НАСТАП ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ЕКИПА ОД МТВ ГО ПОСЕТИ ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН

Зоран Иге

(фото, состави) НАЈНОВО ПРЕД МЕЧОТ ОСОГОВО – ПОБЕДА ВО КОЧАНИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион