Со одигрувањето на 14. коло, овој викенд, заврши првиот дел од натпреварите во Првата лига на Македонија. Согласно со системот за натпреварување, најдобрите осум екипи од првиот дел од сезоната формираат нова натпреварувачка ТОП 8 група. Учесници ќе бидат првопласираните четири екипи од А-групата и уште четирите најдобри од Б-групата. За место кое води во Суперлигата ќе се борат екипите на: Вардар Скопје, Мега баскет Прилеп, Струмица ФМП, Бутел Скопје, Соколи 1933 Штип, Борец баскет Велес, Охрид и Водно санс Скопје. Овие осум екипи ќе ги пренесат и меѓусебните резултати остварени во првата фаза, и ќе одиграат уште по осум натпревари, против екипите од спротивната натпреварувачка група (двокружно, секој со секого). Првото коло е претстојниот викенд, 7 и 8 февруари.
ДВОЈКИ 1. КОЛО: Мега баскет – Бутел, Вардар – Струмица ФМП, Охрид – Соколи, Водно санс – Борец.
ТАБЕЛА: Вардар и Мега баскет по 10, Струмица ФМП, Бутел, Соколи и Борец баскет по 9, Охрид и Водно санс по 8 бода.