Кај Јарболот, во центарот на Прилеп, денеска напладне и потоа, доаѓаа приврзаници на ФК Победа, доаѓаа, поминуваа и си заминуваа, така што не се насобра народ како што се посакуваше. Не се насобра поради неорганизираност (ниту една организација не се пријави за организатор на собирот), а има и многу други причини, на пример двата спротивставени става меѓу прилепчаните околу решението за најсаканиот прилепски клуб. Имено, едни се залагаат оваа сегашнава Победа да продолжи да постои и да го доигра првенството во пролетниот дел, додека други се со мислење дека поради финансиските долгови овој сегашен ФК Победа добро е да престане да постои и да не го доигра првенството, потоа да се формира нов клуб којшто неоптоварен со финансиски долгови ќе се бори од ниските рангови да напредува, да оди нагоре или фузиран со некој третолигаш (можеби и во некоја трета варијанта) да напредува уште побрзо кон Втората и кон Првата лига.
Еден од оние што меѓу првите дојде кај Јарболот, а последен си замина, на таков начин искажувајќи ја љубовта кон Победа, е пензионерот Кире Иваноски – Балче, еден од повозрасните приврзаници на клубот. Тој преку нашиов медиум изрази желба да и се обрати на јавноста:
ВИДЕО