Среда, 6 мај 2026, од 17 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е првото полуфинале за добивање првак на ОФС Прилеп, Стрела (Ерековци) – Динамо (Мажучиште). Вториот на табелата игра против третиот. Подолу се изјавите од клупските претставници.
– Играме со добро познат противник, со кого имаме по една победа и пораз во актуелнава сезона. Со респект кон овој ривал, во полн состав и со силно верување на управата и самите играчи, одиме на победа за пласман во финалето. Поздрав до сите фанови и љубители на фудбалот – порачува Јане Ристески од Стрела.
– Не сме екипа со којашто секој противник може да се наигра според својот план. Можам да кажам дека одиме на победа иако нема да сме комплетни, отсуствуваат неколкумина заминати во Хрватска. Со тие што ги имаме на располагање, ќе се спротивставиме. Четири години бевме во третолигашкото друштво, така што подготвени сме и за овој меч на ова ниво – вели Златко Наумоски од Динамо.
Еве ги составите на екипите од последните настапи,
СТРЕЛА (ЕРЕКОВЦИ)
Никола Анастасов
Зоран Тасески
Никола Ристески
Дарко Ристески
Влатко Петрески
Марјан Коштревски
Трајче Секуловски
Валентин Дебрешлиоски (46. Јане Ристески)
Николче Марковски
Менде Стојаноски
Марко Крстески
ДИНАМО (МАЖУЧИШТЕ)
Андреј Цветкоски
Стефан Столески
Мирослав Трпкоски
Диме Наумчески
Дејан Конески
Филип Наумчески
Александар Велјаноски
Андреј Степаноски
Наумче Спиркоски (46. Бени Кулески)
Давид Николоски
Кирил Брсакоски.
.