Во Скопје се одржаа шаховски првенства на Македонија во повеќе возрасни категории. Ги издвојуваме тие каде што настапија и прилепски претставници.
На Државното првенство за шахистки до 18 години учествуваа само три девојки, меѓу нив Теодора Ѓорѓиеска (родена 2009 година) од ШК Прилеп. Таа на стартната листа беше трета, на конечната табела е втора, со сребрен медал. Освои 1,5 поен на 4 меча. Редоследот на табелата е: ВФМ Моника Жежовска (Алкалоид Скопје) 3,5, Теодора Ѓорѓиеска (ШК Прилеп) 1,5, Делфина Огњановска (Капабланка Скопје 1.
На Државното за шахистки до 16 години, беше сестрата на Теодора, Симона Ѓорѓиеска (ШК Прилеп), родена во 2011 година. Меѓу пет учеснички, освои 4.место со 1 поен. Загуби трипати (од Наде Смилевска Штајниц Битола, Елисавета Барнс од Капабланка Скопје и од Исидора Лукановска од Алкалоид Скопје), еднаш победи (со Јана Александрова од Скопје).
На Државното првенство за шахисти до 10 години, имаше масовност – 41 учесник. Меѓу нив двајца се прилепчани, Андреј Печијарески и Дамјан Блажески. Андреј Печијарески (Пелагон Прилеп) освои 5,5 поени на 7 партии. Доживеа само 1 пораз (од Калин Стаменковски од Алкалоид Скопје), еднаш ремизира (со Васил Иванов од Алкалоид Скопје), петпати победи (со Борјан Маркоски, Илин Петровски, Филип Богески од Гамбит Скопје, Немања Сандев Стоби Градско Дамјан Блажески ШК Прилеп. За одбележување е и пласманот на Дамјан Блажески (ШК Прилеп) на 12.место со 4 поени. Тој трипати загуби (од Калин Стаменковски од Алкалоид Скопје, Јован Јовановски од Куманово и од Андреј Печијарески од Пелагон Прилеп), четирипати победи (со Марко Новаковски, Филип Клеменчиќ и Даријан Наумчески од Гамбит Скопје, Максим Василевски од Алкалоид Скопје). Редоследот на табелата е: Бенџамин Џошуа Барнс (Гамбит Скопје) 6,5, Калин Стаменковски (Алкалоид Скопје) 5,5, Јован Јовановски (ШК Куманово) 5,5, Андреј Печијарески (Пелагон Прилеп) 5,5, Глигориј Павловски (Куманово) 5, Васил Иванов (Алкалоид Скопје) 5, Мартин Лазарев (Цареви Кули Струмица) 5 итн.
Местото на одржување е свечената сала на ООУ „Димитар Миладинов“.