Успешно настапија двајцата прилепски шахисти на Европското шаховско првенство за млади категории, во Будва (Црна Гора). На конечните табели во своите категории се пласирани над своите стартни позиции.
Во женска конкуренција, во групата до 16 години, настапи Теодора Ѓорѓиеска (ШК Прилеп). Бидејќи во последното коло загуби од Нора Шарваш (Унгарија), прилепчанката е со биланс од 5 порази, 1 реми и 3 победи, освои 3,5 поени за 73. место меѓу 87 учеснички. На стартот Ѓорѓиеска беше рангирана на 83. место, така што настапот е успешен. Победник во оваа категорија е Лусија Стол (Франција) со 7,5 поени, седморангирана на стартот.
Во машката категорија до 18 години прилепчанецот Никола Павлески (ШК Алкалоид, Скопје) и покрај последниот пораз од Адам Омарсон (Исланд), има биланс од 3 порази, 4 реми и 1 победа, така што со 3 поени е на 80. место меѓу 95 учесници. И неговиот настап може да се оцени како успешен, бидејќи е пет места над стартната позиција (85). Победник во оваа категорија е ФМ Вахе Сакиасјан (Ерменија), осморангиран на стартот.
Во оваа група до 18 години настапи уште еден Македонец, ФМ Антон Златков (Алкалоид, Скопје) со 5 поени за 40. место, но тоа е за 17 послабо од стартното (23).