Информирани сме дека Центарот за едукација на тренери ги издаде лиценците за првата генерација УЕФА А-фитнес тренери. Меѓу нив има прилепчани, познати од фудбалот и со активностите во минатото, во повеќе клубови, па и во најпопуларниот – Победа. Во оваа прилика спомнуваме двајца: Сребре Стефаноски, чија лиценца ја објавуваме во насловната фотографија, а тука е и Антонио Бошески, исто така познат како играч во Победа.
Објавуваме фотографија на која е комплетната лиценца од Стефаноски, со неколку потписи, меѓу нив од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ.