Во Рабац (Хрватска) се одржува Европско шаховско првенство за ветерани. Во категоријата над 50 години учествуваат 54 шахисти од 29 држави. Претставник на Македонија е фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп. Досега одиграни се 4 кола на кои прилепчанецот има освоено 2,5 поени – преку 1 пораз (од ИМ Уфе Винтер-Шоу од Данска), 1 реми (со ФМ Арнолд Хундорф од Германија) и 2 победи (со Хуснија Шариќ од Хрватска и ВМ Јозеф Омс Палисе од Шпанија). Денеска од 15 часот, во 5. рунда, ривал му е ФМ Џон Деланеј од Ирска.
Во категоријата над 65 години учесник е уште еден Македонец, радовишанецот ФМ Љубомир Хаџи-Манев, којшто има 1,5 поен – преку 2 пораза, 1 реми и 1 победа, а во групата жени над 65 години игра Германката ФМ Мира Киерцек, родена во Македонија, којашто досега освои 1 поен.