Почна осмото издание на „Шолта опен“, меѓународниот шаховски турнир во Хрватска. Меѓу 85 учесници од 17 држави е прилепскиот фидемајстор Роберт Велески, единствениот Македонец. Дури 19 се со меѓународна титула – 4 велемајстори, 6 интермајстори и 9 фидемајстори.
Во првото коло ФМ Велески (со стартно 31. место, според рејтингот) постигна реми со Хрватот Ангело Безиќ, а во второто игра против Ирецот Џорџ Вајт.
Последното деветто коло е на 6 јули.