Цел Прилеп е стресен и згаден од вчерашниорт резултат 8:1 – пораз на Победа од Скопје, во 5. коло на Втората лига. И не само луѓе што се фудбалски вљубеници, ами и такви што се далеку од фудбалот се инволвираат во фудбалски дискусии. Последнава катастрофа е само последица на она што со месеци и месеци негативно се случува во клубот, така што неизбежни се очекувањата за преземање мерки.
Од клубот веќе најавија два состанока од кои секако ќе произлезат некакви мерки за консолидација. Тешко е, финансиска помош нема пристигнато – според наши сознанија, ситуацијата е од лоша – полоша, полоша и од август, пред почетокот на првенството. Народот мора да ја знае целосната вистина – дека клубот можеше да не постои, а некои поединци се изборија тој да постои, што е за одбележување. Но, со мини-подготовки од една речиси една седмица, без ниеден пријателски меч, овие катастрофални резултати не можеа да се избегнат. Затоа, прилепчаните каде и да се мора да ги помогнат овие луѓе што сега се нафатија да ја водат Победа, мора да помогнат прилепчаните каде и да се, затоа што колку помош ќе дадат, таква Победа ќе имаат. Овие луѓе што сега ја водат Победа, понудија отчет за секој денар, детален извештај за секој месец – тоа мора да се цени и да наиде на позитивен одглас од сите што сакаат да помогнат.
Претстои турбулентна седмица, со новости до сабота, кога е следниот меч – дома со Големо Коњари.