Фудбалскиот прволигаш Победа и второлигашот Воска одиграа пријателски меч во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори“. Домашните победија минимално, со 1:0. Единствениот гол го даде Михајло Јакимоски во 82. минута. Резултатот не е изненадување, ако се знае дека Воска е еден од најсилните второлигаши, а зимава на контролите ја совлада Брегалница со 3:0, Арсими со 2:1, нерешено одигра со Шкендија.
За Победа ова беше четврта контрола, по тие со Шкупи, Феризај и Охрид.