Само еден ден останува до одигрувањето на дербито Победа – Шкендија А. од 10. коло на Втората лига на Македонија. Што за в сабота од 13.30 часот очекува тренерот, шефот на Стручниот штаб на Шкендија Љупчо Марковски – Калц?
– Екипите во оваа лига се изедначени и момент на инспирација може да одлучи. Претстои интересен и неизвесен дуел, дерби пред многу публика во Прилеп. Добро е што Победа се враќа и покажа дека може… – вели Калц.
Изјавата е извадок од разговорот со Љупчо Марковски – Калц во емисијата „Прилепски спорт на Радио Холидеј“ чие издание е денеска од 10.40 часот на 102.1 MHz FM или на:
https://radioholidej.com.mk/?radio_player=1