Од тешка – потешка е состојбата во екипата Победа во поглед на играчкиот кадар. Од разни причини од екипата отсуствуваат многу првотимци (дел од нив беа на Европското првенство во футсал за средношколци во Бања Лука), така што кога ја нема првата постава, се поставува втората, сега ја нема ни втората, па се комбинира со третата, четвртата… Можеби доволно е да се знае дека голман, петти оваа сезона, на вчерашниот меч со неготински Вардар, беше детето Петар Најдоски, 16-годишен играч, роден 2010 година, а напаѓач Арсениј Солевски, стрелец на два гола, додека третиот беше автогол на гостите. Всушност, во екипата Победа вчера беа сите до еден со знакот за младинци (Мл), од кои четворица родени во 2010 година. Подолу се сите резултати и стрелци од 29.коло на Втората лига.

РЕЗУЛТАТИ/СТРЕЛЦИ ВО 29. КОЛО:








ТАБЕЛА
Брегалница Ш. – 68
Скопје ————–68
Шкендија А. ——66
Охрид—————65
Беласица ———55
Осогово————53
Новаци ————-50
Детонит————-49
Кожуф—————42
Тетекс—————-39
Саса——————-36
Вардар Н.———–22
Слога В.————-15
Преспа—————15
Победа—————11
Г.Коњари————-7

ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (сабота, 23 мај 2026, 16.30 часот): Брегалница Ш. – Победа П., Тетекс – Г. Коњари, Скопје – Детонит, Охрид – Слога В., Преспа – Беласица, Саса – Шкендија А., Новаци – Осогово, Вардар Н. – Кожуф.