Фудбал

ГОЛ НА ГОЛМАНОТ НА ПОБЕДА СТОЛЕВСКИ, ПОНИШТЕН ГОЛ НА АРИФИ!

Денеска беше денот за одигрување последен претсезонски, пријателски натпревар. Во Гевгелија се сретнаа второлигашите Кожуф и прилепска Победа, меч кој го добија домашните со 4:1. Стрелци: Гроздановски, Филип Ѓорѓиевски, Кирил Стојков и Дучков од пенал (Кожуф), а Антонио Столевски од пенал (Победа). Значи, голманот-капитен е стрелец на голот за Победа.

 

 

Висок резултат, но доаѓаат информации дека имало спорни моменти на штета на екипата од Прилеп. Така, околу 70. минута, при 2:0, 17-годишниот талентиран фудбалер Салим Арифи само што влегол во игра на првиот контакт со топката постигнал гол од втрчување, по претходно одбиена топка од голманот, а по остар шут одлево од исто така младиот 19-годишен Мартин Миланоски. Но, наместо намалување на 2:1, голот е поништен. Што се случило има видео кое од проблеми на сајтот не можеме сега да го објавиме.

По седум дена, в сабота, почнува првенството во Втората лига, а во 1. коло Кожуф игра дома со Саса, Победа е гостин на Брегалница во Штип.

Од категоријата

РЕМИ НА ПОБЕДА СО СИЛЕН ГОСТИН (ВИДЕО)

Зоран Иге

ГОЛМАНСКИ ПОДВИГ ВО ПРИЛЕП: ИСТРЧА ДО ЦЕНТАР И СПРЕЧИ ЧИСТ ГОЛ

Зоран Иге

ЧЕТВРТИОТ ГОСТУВА ОД 13 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе